Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

“Мој ДДВ” на 399 000 корисници им вратил 36,3 милиони евра за две години

1 јул. 2021 г.·3 мин читање·595 прегледи

Следете не на Viber

Две години фискалните сметки не се само хартија со бројки, туку сметки кои на граѓаните им враќаат пари. Враќањето пари назад кај граѓаните е реалност во нашата држава и на 399.000 корисници од различна возраст на апликацијата „МојДДВ“, во изминатите две години им се исплатени вкупно 2.238.340.844 денари, односно 36,3 милиони евра како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки, истакна денеска  директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска.

„МојДДВ“, како што посочи, ги враќа парите назад кај граѓаните, ја намалува сивата економија, се солидаризира со најпогодените од Ковид кризата и ја поддржува  и поттикнува македонската потрошувачка и производство. Во првата година преку „МојДДВ“ вратени се над 670 милиони денари, во втората година над 1,5 милијарди денари, а во првиот квартал од  годинава на граѓаните им се вратени 413.758.172 денари.

-Овие бројки се показател дека бројот на корисници и бројот на скенирани фискални сметки се зголемува. Граѓаните веќе знаат дека со сигурност на секои три месеци на нивните трансакциски сметки се исплаќа  повратот на ДДВ кој го оствариле и со тоа се зголемува довербата кон институциите. Се потврди дека мерката ги оправдува целите за кои е воведена, ги враќа парите назад кај граѓаните и придонесува за намалување на сивата економија. Под мотото „Мој данок, моја заштеда“ секој граѓанин ја согледа важната улога и одговорност која ја има во овој процес, а тоа е активно да учествува во намалувањето на неиздавањето на фискалните сметки со тоа што како партнер на УЈП ги пријавува ваквите појави, рече Лукаревска на денешната прес-конференција по повод ,,Две години МојДДВ со граѓаните”.

Потенцира дека благодарение на „МојДДВ“ едно четиричлено семејство може да врати до 28.000 денари годишно во својот семеен буџет.

Посочи дека за време на тешката економска и здравствена криза предизвикана од Ковид-19 преку „МојДДВ“ 5.537 граѓани својот поврат во износ од 5,8 милиони денари го донираа во здравствениот сектор.

-За купените македонски производи веќе неколку месеци се враќа дел од ДДВ во висина од 20 проценти, а за останатите производи 10 проценти од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка. Се реализираше и викенд без ДДВ на 10, 11 и 12 октомври минатата година во кој 204.088 граѓани купиле македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема при што е остварен промет од 558.176.715 денари и поврат од 122 милиони денари. Апликацијата „МојДДВ“ е достапна на сите смарт мобилни телефони, 10 киоск апарати и 36 бар код читачи во даночните канцеларии на УЈП. Трендот на раст на корисници за нас како институција е доказ дека сме направиле добра работа, потенцира Лукаревска.

Клучни зборови

  • 36
  • 6 милиони евра
  • мој ддв
  • Сања Лукаревска
  • ујп
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk