Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

WIZZ AIR најави 10% попуст на 6 јули

6 јул. 2023 г.·3 мин читање·3085 прегледи

Следете не на Viber

Wizz Air, најбрзо растечката и најеколошки одржливата авиокомпанија во Европа на глобално ниво, најавува попуст од 10%* на избрани летови во својата мрежа. Билетите се достапни само денес, 6 јули, за патниците на WIZZ кои сакаат да патуваат на или пред 30 септември 2023 година.

 Wizz Air нуди широк спектар на рути по ниски цени до најатрактивните дестинации во Европа, како што др од Скопје до Maлта, Бoлоња, Базел-Мулхаус или шведските градови Стокхолм и Векше. Билетите се достапни за онлајн резервација на wizzair.com и преку мобилната апликација. Подарете си себеси, на вашето семејство или пријателите изненадување и полетајте на топло место, повторно посетете го вашиот омилен град или започнете нова авантура!

Со својот 6-ти авион што ќе биде доделен на базата во Скопје до крајот на 2023 година, Wizz Air ќе понуди зголемени фреквенции на постоечките линии и ќе започне со работа на две нови дестинации од главниот град на Северна Македонија. Патниците ќе можат да патуваат за Љубљана од 27 септември, два пати неделно и три неделни лета од 31 октомври, а за Луксембург од 18 декември, со три неделни лета.

За Wizz Air      

Wizz Air, најбрзо растечката европска ултра нискобуџетна авиокомпанија, управува со флота од 184 авиони Ербас А320 и А321. Тим од посветени воздухопловни професионалци обезбедува супериорна услуга и многу ниски цени, што го прави Wizz Air претпочитан избор од 51,1 милиони патници во финансиската година F23 што завршува на 31 март 2023 година. Wizz Air е котирана на Лондонската берза под ознаката WIZZ. Компанијата неодамна беше прогласена за една од првите десет најбезбедни авиокомпании во светот од airlineratings.com, единствената агенција за рејтинг за безбедност и производи во светот, и авиокомпанија на годината од Air Transport World во 2020 година, како и авиокомпанија на годината според Air Transport Awards во 2019 и 2023 година. Wizz Air е исто така признат како „Најодржлива нискобуџетна авиокомпанија“ во рамките на World Finance Sustainability Awards 2022 и „Global Environmental Sustainability Airline Group of the Year“ од страна на CAPA–Centre for Aviation Awards for Excellence 2022 година.

Оваа промоција се применува на 6 јули 2023 година од 00:00 до 23:59 CEST („Промотивен период“). Попустот од 10% се однесува на билетот, без административна такса. Попуст од 10% важи само за избраните летови достапни на wizzair.com и мобилната апликација WIZZ за време на промотивниот период. Периодот на патување е ограничен, патувањата мора да завршат до 30 септември 2023 година. Промоцијата важи само за резервации направени на wizzair.com или на мобилната апликација WIZZ. Промоцијата не важи за групни резервации.

Клучни зборови

  • WIZZ AIR
  • попуст
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk