Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

WIZZ AIR ја објави својата намера да формира нова авиокомпанија во Малта

18 мај 2022 г.·2 мин читање·4064 прегледи

Следете не на Viber

Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија за ултра евтини летови во Европа и една од најодржливите, објавува дека базирано на документот ‘Arrangement on Reallocation of Responsibility’ кој беше потпишан вчера помеѓу Агенцијата за Авио Безбедност на ЕУ (“EASA”) и Директоратот за Цивилна Авијација на Малта (“CAD”) имаме намера да испратиме барање за нашата подружница во Малта да добие “Air Operator’s Certificate” (“AOC”) од EASA и лиценца за работа од CAD.

Во зависност од потврдата за своите AOC и OL од EASA и CAD, Wizz Air Malta може да започне со работа во октомври 2022 година со авиони регистрирани во Малта.

Главниот извршен директор на Wizz Air, József Váradi изјави: „Со задоволство ја објавуваме нашата намера да основаме нова авио подружница во Малта. Wizz Air постојано проценувајќи ја структурата на својот бизнис,  ги истражува опциите за воспоставување нови AOC и бази во Европа и пошироко. Успешното основање на Wizz Air Malta подоцна оваа година ќе помогне да се зајакне нашата силна позиција и да се поддржат нашите планови за проширување во Европа. Со нетрпение очекуваме да работиме со EASA и Малтешката Управа за Цивилно Воздухопловство за да го забрзаме ова брање“.

Patrick Ky, извршен директор на EASA, изјави: „Ова ќе биде нов чекор во веќе добро воспоставената соработка помеѓу Агенцијата, Управата за цивилно воздухопловство на Малта и Wizz Air. Оваа нова поставеност, каде што една група ќе управува со повеќе AOC со седиште во различни земји-членки, но надгледувана од истиот надлежен орган, ги демонстрира достапните можности преку пренесување на одговорностите на EASA. Со нетрпение очекуваме да работиме заедно на издавањето на овој сосема нов AOC и последователните активности за надзор“.

Капетан Charles Pace, генерален директор на Дирекцијата за цивилно воздухопловство Малта, изјави: „Чест е да се има Wizz Air како една од авиокомпаниите што ја избира Малта како едно од нивните главни деловни места. Тимскиот напор и пристапот на CAD уште еднаш се покажа како победничка формула. Би сакал да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на извршниот директор и одборот на Wizz Air за нивната доверба и со нетрпение очекувам да работам со EASA и Wizz Air во издавањето на AOC и AOL.”

Клучни зборови

  • Charles Pace
  • József Váradi
  • WIZZ AIR
  • авиокомпанија
  • малта
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk