Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Wizz air го објави новиот зимски распоред 2022-2023

29 мар. 2022 г.·3 мин читање·1345 прегледи

Следете не на Viber

Wizz Air, најбрзо растечката и најодржлива авиокомпанија во Европа*, го објави својот зимски распоред за 2022 година (октомври 2022 – март 2023 година). Авиокомпанијата нуди огромен избор на достапни дестинации со ниски цени за најатрактивните земји и градови низ Европа. Достапни се 810 линии од 1.100 рути на Wizz Air со над 120.000 летови и речиси 26 милиони седишта.Билетите веќе можат да се резервираат онлајн на wizzair.com и преку мобилната апликација.

Како што индустријата се враќа во нормала како пред пандемијата, Wizz Air продолжува да ги проширува операциите низ својата мрежа, со рути кои ќе ги одведат патниците низ цела Европа во зимата 2022-2023 година. За семејни одмори, дестинации на плажа, одмори во градот или само да ги посетите пријателите и семејството во странство, мрежата на Wizz Air од Северна Македонија нуди безброј можности.

Покрај можноста за приспособување на патничкото искуство, Wizz Air на патниците им нуди и висока флексибилност преку услугата WIZZ Flex. Со додавање на нивната резервација, патниците имаат дополнителна заштита и можат да одберат да патуваат на друг датум или до друга дестинација, како и можност да го откажат својот лет до 3 часа пред тргнувањето без никаков надомест и да добијат 100% од оригиналната цена веднаш вратена во кредит на авиокомпанијата.

Zsuzsa Trubek, менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air, рече: „Среќни сме што можеме да го објавиме новиот распоред за зима2022-2023 година, нудејќи разновидни дестинации за патување за сите вкусови, било да е тоа за деловни или рекреативни цели. Од градски одмори во највозбудливите урбани центри во Европа до семејни одмори во текот на зимската сезона, Wizz Air сигурно нуди достапна врска до најпопуларните дестинации. Остануваме посветени да им понудиме на Македонците безбедно и незаборавно искуство за патување низ Европа и пошироко во нашата модерна флота во друштво на нашиот висококвалификуван екипаж “.

За Wizz Air   

Wizz Air, најбрзорастечката ниско-буџетна авиокомпанија вo Европа, управува со флота од 150 Airbus A320 и Airbus A321 авиони. Во Wizz Air, тим од авијациски професионалци нудат извонредна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над 10.2  милиони патници во финансиската година која завршува на  31 Март 2021. Wizz Air котира на Лондонската берза под тикер: WIZZ. Компанијата неодамна беше именувана за една од десетте најбезбедни авиокомпании во светот од страна на airlineratings.com, единствена светска агенција за рејтинг на безбедност и производи, а неодамна беше именувана за „Европска авиокомпанија на годината – 2020“ од страна на ATW, најпосакуваната чест што може да ја добие една авиокомпанија или индивидуа, и најодржлива компанија во авионската индустрија во 2021 година од страна на World Finance Magazine.

*Базирано на Sustainalytics Rating

За повеќе информации:

Zsuzsa Trubek; Wizz Air Group; zsuzsa.trubek@wizzair.com

Follow us on Instagram: @wizzair

Follow us on Facebook: @wizzair

Follow us on Twitter: @wizzair

Клучни зборови

  • WIZZ AIR
  • Виз ер
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk