Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Вработените во Инфективната клиника и Институтот за јавно здравје изразија БЛАГОДАРНОСТ до Менаџментот на Комерцијална банка за донацијата од 4,1 милион денари

30 апр. 2020 г.·2 мин читање·223 прегледи

Следете не на Viber

Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје јавно изрази  БЛАГОДАРНОСТ на Комерцијална банка АД Скопје  за донација од менаџментот на банката. Донацијата е  во паричен бруто износ од 4,1 милион денари наменет за исплата на вработените во оваа установа, кои се редовно вработени на клиниката и се активно вклучени во редовната работа на истата.

Слична е и објавата на ЈЗУ Институт за јавно здравје од каде што исто така наведуваат дека донацијата во паричен бруто износ од 4,1 милион денари е наменета за исплата на вработените кои се редовно вработени во Институтот за јавно здравје.

„Комерцијална банка АД Скопје со оваа донација сака да им се заблагодари на вработените од клиниката и на вработените од Институтот за јавно здравје за нивните огромни напори во справувањето со пандемијата предизвикана со корона вирусот Ковид–19 во нашата земја“, стои во објавата на интернет страниците на двете здравствени институции.

Инаку, Комерцијална банка е еден од најголемите донатори за македонското здравство за што поуспешно справување со корона вирусот. Според листата на донатори што ја објави Министерството за здравство банката веќе учествуваше со донација од 100.000 евра, а донираше и маски како заштитна медицинска опрема во износ од 20.000 евра.

Донираа и нејзините фирми ќерки – КБ Прво пензиско друштво АД Скопје донираше пациент монитори, додека КБ Публикум инвест АД Скопје донираше 500 000,00 денари за справување со пандемијата предизвикана од Коронавирусот.

Клучни зборови

  • донатори
  • донација
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • Универзитетската клиника за инфективни и фебрилни болести во Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk