
Новиот јапонски амбасадор во Македонија Казуја Оцука денес разговараше со Ковачевски за економската соработка
Соработката со Јапонија бележи тренд на унапредување, особено на полето на економијата, при што има и можности за презентација на домашните економски потенцијали пред јапонски инвеститори. На оваа тема разговарал премиерот Димитар Ковачевски со новиот амбасадор на Јапонија, Казуја Оцука. Јапонија е една од нашите најголеми билатерални донатори, со поддршка од над 430 милиони долари.

