Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Вработените во Њујоршката филијала на Дојче банк ќе работат од дома до средината на 2021 година 

19 сеп. 2020 г.·2 мин читање·299 прегледи

Следете не на Viber

Дојче банка им соопшти на своите вработени во Њујорк дека веројатно ќе продолжат да работат од дома до средината на 2021 година, за разлика од ривалите банки кои сакаат да ги вратат вработените во канцелариите.

Во своето соопштение, банката изрази разбирање за своите колеги во Њујорк, кои се соочуваат со постојано усогласување на работата и училишните распореди на деца, како и загриженост за јавниот превоз, чистотата и квалитетот на животот.

Вработените можат да работат од дома до јули, кога компанијата планира да го премести своето седиште од Волстрит во нови канцеларии на Менхетен.

„Ќе ве замолиме да се вратите во канцеларијата кога ќе се преселиме во нашата нова зграда на Дојче банк центарот, под претпоставка дека тогашното опкружување ќе овозможи безбедно враќање на работното место“, рече Матијас Краузе, шеф на подружницата на САД, пренесуваат светските медиуми.

Другите компании од Волстрит сакаат да вратат повеќе работници во своите канцеларии откако претходно оваа година испратија најмногу да работат од дома за да помогнат во запирање на ширењето на вирусот.

ЈП Морган му соопшти на својот постар персонал дека ќе мора да се врати во канцелариите до 21 септември.

Клучни зборови

  • далечинска работа
  • Дојче банк
  • пандемија
  • работа од дома
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk