Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка

26 јан. 2026 г.·2 мин читање·1009 прегледи

Следете не на Viber

Со цел унапредување на безбедноста на онлајн трансакциите Комерцијална банка од 1 март воведува нов начин на потврда на интернет плаќањата со картичка и на трансакциите преку мБанка, со кој обезбедува уште поголема заштита на паричните средства на клиентите.  

Од 1 март, интернет плаќањата со картичка ќе се потврдуваат со единствен безбедносен код генериран преку бесплатната апликација мТокен, наместо како досега со СМС код. Сите трансакции преку мБанка, пак, ќе се потврдуваат со ПИН или со биометриска автентикација, кои се користат и при најава на апликацијата.

Овие промени се спроведуваат согласно важечката законска регулатива, а нивната цел е:

  • зголемена заштита од злоупотреби и неовластени трансакции,
  • побезбеден процес на автентикација,
  • дополнителна сигурност при секое онлајн плаќање.

За да можат непречено да вршат интернет плаќања со картичка од Комерцијална банка, сите клиенти (физички и правни лица) треба да ја активираат бесплатната алатка мТокен, која е достапна во мобилната апликација мБанка.

Клиентите што ја немаат преземено апликацијата мБанка, може бесплатно да ја преземат од Google Play, App Store или App Gallery и веднаш да активираат мТокен. Алатката мТокен е бесплатна и едноставна за користење, наменета е за сигурна потврда на дигитални трансакции и достапна е за Android, iOS и Huawei уреди.

Активацијата се врши на брз и едноставен начин, а еднаш активиран мТокен овозможува континуирана практична и безбедна потврда на плаќањата без потреба од СМС пораки.

Детални информации и упатства за инсталација се достапни на следниот линк.

За дополнителна поддршка, на располагање на клиентите е Контакт центарот за техничка поддршка на телефон 02 / 3296 800 (изберете 2), со работно време: понеделник – петок од 08:00 до 18:00 часот и сабота од 08:00 до 13:00 часот.

Комерцијална банка останува посветена на создавање сигурна и модерна дигитална средина, во која клиентите со доверба и леснотија ги управуваат своите финансии.

Клучни зборови

  • комерцијална банка
  • мБанка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk