Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

5 совети за успешно менаџирање со вашиот стартап

5 мај 2020 г.·3 мин читање·71 прегледи

Следете не на Viber

Тргнувајќи од основните принципи на Фредрик Тејлор, лин размислување, теорија на препреки, KAIZEN и многу други секаде основниот принцип е фокус, фокус на ефикасно и ефективно производство на онаа што се произведува, а во случај на еден стартап тоа е купувачот.

Многу грешки се забележителни токму во овој фокус кај повеќето стартапи, а најголемата е фокусот на развој на производот. Можеби и логично бидејќи и развојот на производот претставува производство на нешто што во иднина ќе се произведува и продава доколку стартапот стане компанија, сепак таа логика води до катастрофални последици.

Фокусот мора и треба да биде на купувачот. Тоа е факт кој мора да го знаете.

Затоа, сметаме дека следниве совети ќе ви помогнат во тоа како правилно да се однесувате како стартап, особено кога веќе сте свесни каде треба да биде фокусот.

1. Барајте искреност од секого, дури и да е болна искреноста.

Самозалажување дека се е во ред и игнорирање на негативните информации за вашиот стартап и вашиот производ или услуга за кој сакате да креирате купувачи во оваа фаза претставува единствениот пат кој ве води во катастрофа. Прифатете ја искреноста, дури и ако е болна, затоа што само така ќе знаете но и ќе ги преземате вистинските чекори.

2. Не сфаќајте ништо лично, добивате критики за идеја, за производ, за стартап а не за вас како личност.

Реалноста може да боли, но сепак тука не е ништо лично. Влегувате во светот на стартапи и така треба да се однесувате, да бидете спремни на критика но и да дејствувате врз основа на сознанијата од таа критика. Никој нема ништо против вас, туку може да има против вашата идеја, вашиот производ или пак вашиот стартап воопшто.

3. Подобро е пречките уште сега да ги надминете наместо по неколку месеци или години.

Пречки секогаш ќе постојат и тие не се карактеристични само за оваа фаза од развојот на вашата компанија. Но, игнорирање на истите без соодветно надминување ќе претставува пат кој со 100% сигурност ќе ве води кон катастрофа.

4. Вие истражувате и сеуште не сте бизнис туку само „стартап”.

Стартап процес значи едноставно експериментирање, истражување на тоа што сакате да го правите, на менување на основните премиси врз основа на резултатите од истражувањето и експериментирањето. Затоа не се врзувајте цврсто на онаа што мислите дека е правилно или вистинско, резултатите се тие кои треба да ви го дадат вистинскиот одговор.

5. Претприемачко знаење е повеќе од техничко знаење за решавање на проблемот.

Се разбира дека техничкото знаење ви е најголемото знаење и нормално е да го користите како суштинска компетенција. Но, запомнете дека тоа не е доволно за да успешно ја поминете стартап фазата. Вам ви треба и претприемачко знаење.

Клучни зборови

  • мал бизнис
  • менаџирање
  • претприемништво
  • сметководство
  • Стартап
  • финансиско планирање
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk