Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски Фондови

Во јули 306 пензионери зеле пензија над 52.630 денари

27 авг. 2021 г.·2 мин читање·777 прегледи

Следете не на Viber

Во јули годинава имало 306 пензионери со пензија над 52.630 денари, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. (ПИОМ). Вкупно, пак како пензионери со највисока пензија се водат 1.322-ца, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија се движи од 40.548 до 57.992 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 882 се со пензија од 42.240 денари.

Минимална пензија, која се движи од 9.986 до 12.801 денар земаат 110 809  пензионери. Во земјава, пак 22.653 лица имаат месечни пензии кои се пониски од минималната, односно се под 9.986 денари. На најголемиот дел од пензионерите, или 187183, на сметките им легнуваат пензии меѓу минималната и максималната, односно од 12.801 до 40.548 денари. Тие сочинуваат 57,87 проценти од пензионерите.

Вкупниот број на пензионери во јули изнесува 323.369 пензионер.

Просечната пензија во јули изнесувала 15. 860 денари.

Во јули имало нови 1664 пензионер на списокот на ПИОМ. Од нив најголем дел биле мажи 1.237 а остатокот жени и најголем дел се стекнале со правото на старосна пензија. Од друга страна пак, имало 1.235 починати пензионери, од кои 965 биле мажи.

Редакција Пари

Клучни зборови

  • јули
  • максимална
  • минимална
  • пензии
  • пиом
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk