
Десет милијарди евра на страна, 8,5 милијарди во долгови – Депозитите и кредитите со изедначени стапки на раст
Парите доверени на чување и оплодување во банките го преминаа прагот од 10 милијарди евра. Под влијание, најмногу на штедачките навики, вкупните депозити достигнаа 618.596.000.000 денари. Паралелно со ова, се интензивира и потребата од кредитирање. Вкупната кредитна поддршка дадена од домашниот банкарски сектор, во јули изнесува 525.622.000.000 денари или 8,54 милијарди евра. Стапките со кои


