Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаФинансии

Во берзанскиот промет блоковите со удел од 54,4% – На кои акции се „закачиле“ инвеститорите во ноември?

11 дек. 2024 г.·3 мин читање·2296 прегледи

Следете не на Viber

Најтргувана на берзата и во ноември била акцијата на Комерцијална банка. Во составот на топ 5 листата нема големи промени во споредба со октомври. Разликата е во тоа што акцијата на НЛБ банка повторно е меѓу најбараните. А, кај акцијата на Стопанска банка Битола има прекин на тримесечното рангирање во горниот дел од табелата.

Податоците од ноемврискиот билтен на Македонска берза покажуваат дека остварениот промет од 2.541.533.357 денари (41,3 милиони евра) е повисок за 29,09% во однос на претходниот месец. Реализирани се 2.456 трансакции, чиј број е зголемен за 32,97%. Дневниот просек е 116 трансакции (+33,33%).

Во класичното тргување прометот бележи месечен пад од 4,14% и износ од 707.701.884 денари или 11,5 милиони евра. Намален е прометот со акции за 2,28%, каде што се работи за постигната месечна сума од 699.024.342 денари (11,36 милиони евра). Најголем е минусот кај прометот од тргувањето со обврзници. Запишани се -62,09% и 8.677.542 денари (141 илјада евра).

Наспроти тоа, кај блок-трансакциите се е во позитива. Прометот е повисок за 12,36% и изнесува 1.382.674.124 денари, односно 22,48 милиони евра. И зафаќа 54,4 отсто од вкупниот промет регистриран на берзата во ноември. Во текот на тој месец бројот на блоковите е зголемен за 12,82% или во евиденцијата се забележани 44. Интересно е да се напомене дека од нив, 20 се блок-трансакции со акции на „Македонијатурист“.

Со акцијата на Комерцијална банка се реализирани 946 трансакции, преку кои се истргувани 11.497 хартии од вредност. Притоа, цената достигнала максимум од 25.000 денари, а месечниот просек е 24.501,87 денари. Прометот е 281.698.050 денари (4.580.924 евра). Со 40,65% учествува во вкупниот промет.

По минатомесечниот „излет“ на четвртотот место, акцијата на „Алкалоид“ се врати на редовната втора позиција. Истргувани се 9.852 акции, со кои е направен промет од 232.390.986 денари (3.779.090 евра), со удел од 33,53%. Бројот на трансакции е 674, максималната цена 25.370 денари, а просечната 23.588,20 денари.

Во октомври беше втора, а во ноември акцијата на „Македонијатурист“ е трета според покажаниот интерес од инвеститорите. Вредноста е максимални 9.050 денари и просечни 8.364,10 денари. Истргувана е количина од 7.238 акции низ 92 транакции. Месечниот промет е 60.539.362 денари (984.494 евра), со учество од 8,74%.

Со акциите на НЛБ банка се реализирани 141 трансакција. Истргуваните 789 акции постигнале месечен промет од 36.809.804 денари (598.589 евра), чиј удел во вкупниот промет е 5,31%. Највисоката цена во ноември била 50.029 денари, а просечната 46.653,74 денари.

Промет од 23.014.751 денар (374.259 евра), кој претставува 3,32%, е остварен во купопродажните активности со акциите – 267 на број, на „Макпетрол“. Максималната вредност за акција е 87.998 денари, додека просечната е 86.197,57 денари. Забележани се 89 трансакции.

Во ноември пазарната капитализација е во износ од 314.706.714.057 денари или 5,11 милијарди евра. Месечниот раст е 3,37 насто. Вредноста на берзанскиот индекст МБИ10 е 9.109,37 поени, а во споредба со октомври е повисок за 5,66 проценти.

Клучни зборови

  • блок транскации
  • класично тргување
  • Македонска берза
  • МБИ10
  • месечен билтен за ноември
  • најтргувани акции
  • промет
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk