
Берзанскиот промет со скок од 90 % – Пад кај класичното тргување, силен ефект од блоковите
Седумнаесет блок-трансакции имале значајно влијание врз вкупниот декемвриски промет остварен на Македонска берза, кој е за 90,6 насто повисок од ноемврискиот. Износот е 1.016.766.496 денари или 16.523.186 евра. Уделот на блоковите е 72,47 отсто, чија реализација достигнала 736.877.183 денари, односно 11.974.860 евра. Прометот е светлата точка што произлегла од активностите во текот на последниот месец








