Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Избори '25

ВМРО-ДПМНЕ: За нови проекти и развиен Бутел – граѓаните да го поддржат Костовски

10 окт. 2025 г.·2 мин читање·1173 прегледи

Следете не на Viber

Последните четири години Општина Бутел доживеа инфраструктурен бум, актуелниот градоначалник Дарко Костовски изминатите реализираше над 90 проценти од својата програма. Дополнително и повеќе од 70 проекти кои не беа дел од програмата, што само покажува и докажува дека Костовски ги слуша барањата на граѓаните и работи во нивен интерес, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Општина Бутел мора да продолжи да се гради и развива во модерна и урбана општина. Затоа во програмата за претстојните локални избори е предвидено изградба на две основни училишта во Љубанци и Љуботен, каде што на учениците ќе им се обезбедат соодветни услови за следење на наставата. Покрај ова, предвидена е изградба на прва детска инклузивна градинка со капацитет за сместување на 120 дечиња, како и други две градинки во Радишани и Визбегово.

Понатаму, покрај изградба на нови мега паркови, две основни училишта, кружен тек на улицата Бутелска со улицата Александар Урдаревски со што ќе се намали сообраќајниот хаос, ветуваме изградба на затворен пливачки базен во дворот на ООУ Св. Климент Охридски, асфалтирање на улици, се обврзуваме на изградба на противпожарен пункт, како и изградба на пазар во населено место Радишани“, се наведува во партиското соопштение.

Исто така, се посочува дека за да се оствари ветеното, „потребна е поддршката од граѓаните на Општина Бутел, на 19 октомври да излезат и да го дадат својот глас за број 9 за Дарко Костовски и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.

Клучни зборови

  • вмро-дпмне
  • Дарко Костовски
  • локални избори 2025
  • Општина Бутел
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk