Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

ВЛОЖУВАЊЕТО ВО АКЦИИ НОСИ ПРОФИТ – Добивката на „Раде Кончар–Апаратна техника се вивна за 118%

30 окт. 2024 г.·2 мин читање·1422 прегледи

Следете не на Viber

За 117,9 проценти е повисока добивката на акционерското друштво „Раде Кончар – Апаратна техника“ – Скопје остварена во периодот од јануари до септември. Во споредба со минатогодишните достигнувања значителен раст има и кај приходите. Најголемиот дел од напредокот е постигнат по основ на акционерството, односно преку вложувања во хартии од вредност.

За девет месеци друшто бележи нето-добивка од 28.491.503 денари или 463,3 илјади евра. За споредба, лани износот бил 13.075.000 денари, односно 212,6 илјади евра. Вкупните приходи, пак, се 36.500.595 денари (593,5 илјади евра).

„Ваквиот позитивен финансиски резултат се должи на остварените приходи по основ на капитална добивка од продажба на хартии од вредност, наемнини и прихои од исплатени дивиденди остварени од добивката во 2023 година од друштвата во кои Акционерското друштво има свои вложувања“, појаснуваат од компанијата.

Од друга страна, трошоците се намалени за 21 отсто и се во износ од 6.129.092 денари (99,6 илјади евра).

Од „Раде Кончар – Апаратна техника“ укажуваат дека менаџментот се стреми кон намалување на расходите и остварување подобри финансиски резултати. Во тој контекст се и очекувањата дека добивката и натаму ќе се зголемува „по основ на финансиски приходи од дивиденда и капитална добивка од пласирани средства во хартии од вредност“, зашто заложбата на друштвото е да се оплоди капиталот и да се зголеми финансискиот резултат.

Клучни зборови

  • вложување во акции
  • добивка
  • приход од дивиденди
  • приходи
  • Раде Кончар-Апаратна техника
  • финансиски резултати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk