Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Владата ќе ги развива општините: 250 милиони за капитални проекти, првата фаза стартува со 97,5 милиони евра

5 сеп. 2024 г.·2 мин читање·1065 прегледи

Следете не на Viber

Со 250 милиони евра обезбедени од Владата, ќе се стимулира развојот на општините и ќе се подобрува животот на граѓаните. Објавен е и јавниот повик, преку кој општините ќе аплицираат со инфраструктурни и капитални проекти врз основа на претходно утврдени критериуми и процедури, објавија на заедничката прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

„Задоволство ми е да најавам дека денес го објавуваме јавниот повик за финансирање на проекти од инфраструктурен карактер кој што е наменет за сите единици на локалната самоуправа во висина од 6.000.000.000 денари, средства коишто се обезбедени согласно ребалансот на Буџетот“, посочи Перински, додавајќи дека има седумдневен рок за пополнување на апликативниот формулар, кој пополнет со предлог-проекти од страна на општините треба да се достави до Министерството за локална самоуправа.
Општините можат да аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, како и од областа на социјалната политика и образованието. Затоа евалуацијата на предложените проекти ќе се врши во ресорните министерства, преку кои ќе се доделуваат и средствата, рече Перински.
„Целта на овој отворен јавен повик е да се доделат средства на општините за проекти со чија реализација ќе се придонесе за унапредување на инфраструктурата на локално ниво со директен импакт врз зголемување на економскиот раст, развој во општините и зголемување на квалитетот на живот на граѓаните.

Право да поднесуваат апликации и предлог-проекти имаат општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје. Испраќам апел што е можно повеќе општини, независно од политичката провиниенција на градоначалниците да учествуваат во овој повик“, порача премиерот.

Според него, тие пари значат повеќе проекти и решенија за граѓаните за нови улици, булевари, училишта, градинки, водоводи, канализации, сѐ она што во суштина им е потребно на граѓаните. „Ова е прв ваков проект од толку обемен карактер за инфраструктурен развој на општините во историјата“, нагласи тој.

Со овој јавен повик до крајот на годинава општините ќе имаат на располагање шест милијарди денари, а ова е првата фаза од вкупно 15 милијарди денари или 250 милиони евра за капитални проекти.

 

Клучни зборови

  • Влада
  • Златко Перински
  • инфраструктурни проекти
  • јавен повик
  • развој на општините
  • Христијан Мицкоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk