Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Виз ер“ веќе не лета од Молдавија поради близина на воени активности

2 мар. 2023 г.·3 мин читање·1131 прегледи

Следете не на Viber

Wizz Air ги прекинува летовите за Молдавија од безбедносни причини. Унгарската нискобуџетна авиокомпанија во понеделникот соопшти дека ќе ги паузира летовите до главниот град на Молдавија Кишињев од 14 март. Ова се должи на загриженоста за безбедноста на воздушниот простор на земјата.

Управата за цивилна авијација на Молдавија ја опиша одлуката како ненадејна и за жалење.

Зошто Молдавија се смета за небезбедна?

Тензиите меѓу Русија и Молдавија се зголемија во последниве месеци бидејќи руските ракети насочени кон Украина навлегоа во воздушниот простор на Молдавија.

Исто така, постојат стравувања дека Русија би можела да ги интензивира обидите за дестабилизација на земјата, која се опоравува од војната во соседна Украина. Властите го обвинија Кремљ за поттикнување на антивладините протести, нешто што тој го негира.

Молдавскиот министер за надворешни работи Нику Попеску во средата рече дека неговата земја е подготвена за „целосен спектар на закани“.

Виз ер наведува дека безбедноста на патниците и членовите на екипажот останува нејзин „приоритет број еден“. Се додава дека „по неодамнешните случувања во Молдавија и зголемениот, но не и неминовен, ризик во воздушниот простор на земјата, Wizz Air донесе тешка, но одговорна одлука да ги прекине сите летови до Кишињев од 14-ти март“.

Управата за цивилно воздухопловство на Молдавија соопшти дека молдавските власти биле информирани преку е-пошта за одлуката на Wizz Air, додавајќи дека авиокомпанијата побарала одобрение за својот летен распоред на летови на 14 февруари и го добила во понеделникот.

Wizz Air ќе лета на заменските летови од соседна Романија

Виз ер во соопштението рече дека ќе има дополнителни летови од романскиот град Јаши – околу 150 километри од Кишињев – како замена. Тие ќе вклучуваат нова услуга до Берлин и повеќе летови до Барселона, Милано Бергамо, Болоња, Рим Чампино, Рим Фуимичино, Дортуманд, Ларнака, Лондон Лутон и Тревизо.

Летовите до Будимпешта и Прага нема да бидат заменети, а оние кои доаѓаат до Кишињев ќе бидат прераспределени на други дестинации во мрежата на Wizz Air, се вели во соопштението.

Што велат молдавските власти за загриженоста за безбедноста?

„По анализирањето на ризиците, владините агенции утврдија дека летовите во националниот воздушен простор може да се вршат безбедно со следење на голем број процедури и жалат за ненадејната одлука на Wizz Air“, се вели во објавата на официјалниот канал на молдавската влада Telegram.

Во него се вели дека органот за цивилно воздухопловство и Министерството за инфраструктура и регионален развој биле во „постојана соработка“ со претставниците на „Виз ер“ и ги информирале за процедурите што се воспоставени за да се обезбеди воздухопловна безбедност.

Воздухопловната управа вели дека ќе ги преземе „сите неопходни активности“ за што поскоро враќање на Визер на аеродромот во Кишињев и за привлекување на други нискобуџетни авиокомпании.

Клучни зборови

  • Виз ер
  • летови
  • Молдавија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk