
ПРЕКИНОТ НА РУСКИОТ ГАС го остави проруското Приднестровје пред смрзнување – без струја, греење и енергија за индустријата
Во Приднестровје, сепаратистички регион во источна Молдавија, лојален на Москва, годината започна со греење само во болниците и клучната инфраструктура, додека домовите останаа без греење. Прекинот на испораките на руски гас во отцепениот регион од Молдавија донесе принудно затворање на сите индустриски компании освен производителите на храна, изјави денес официјален претставник. Територијата во која главно


