Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ветекс ги држи конците на успехот – Извозната плетка вредна 4,5 милиони евра

5 ное. 2025 г.·2 мин читање·5460 прегледи

Следете не на Viber

За девет месеци продадени конци за плетење за повеќе од 4,5 милиони евра. Ветекс од Велес особено добро котира на странските пазари, од каде што се слеале 4,47 милиони евра. Во овој период вкупните приходи се зголемени за безмалку шест насто (5,96%).

„Зголемувањето на вкупниот приход е резултат на зголемената побарувачка за нашите производи од странските деловни партнери. Освен редовните приходи, се остваруваат и останати приходи од штети по основ на осигурување на основните средства и приходи од камати“, информираат од единствената македонска компанија што се занимава со производство на конци и предива.

Кој работи има и трошоци или повеќе деловни активности, повисоки расходи. Во случајот на Ветекс зголемени се за 6,1 насто на годишно ниво и достигнуваат над 4,3 милиони евра. Средствата завршиле во суровини и материјали за производство, во електрична енергија, мазут и за плати и надоместоци на вработените.

Оттаму и добивката од околу 174 илјади евра.

Последниве години Ветекс бележи сѐ подобри деловно-финансиски резултати. За успешното ланско работење, акционерите годинава поделија дивиденда од 184 илјади евра. Интересен е и податокот дека во 2024 година компанијата успеа да ја зголеми добивката за 177,33 насто – од 107,4 илјади (2023) на 297,8 илјади евра. Според податоците од Бизнис Мрежа, за таа една година приходите нараснале за 13,43 насто, а нето-профитната маржа за 139,51 насто (од 2,08 % на 4,98 %). Тоа е заслуга на 118-те вработени, на кои лани просечната плата им била зголемена за 22,2 насто и достигнала 33.934 денари.

Ветекс, кој на пазарите се потврдува повеќе од пет децении, најголемиот дел од производството го насочува кон Германија, Австрија, Италија, Данска, Холандија, Франција и Швајцарија. Што се однесува до работењето предвидено за последново тримесечје, наведуваат дека исполнувањето на планот за производство ќе се одвива според барањата на пазарот, техничките можности и капацитетот на претпријатието.

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • Ветекс Велес
  • Извоз
  • приходи
  • финансиски резултати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk