Вега Фондови АД Скопје ќе ја збогати понудата на инвестициски фондови на домашниот пазар
Sanja Momirovska1 мин читање

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе решение со кое се дава одобрение за основање на Друштво за управување со инвестициски фондови Вега Фондови АД Скопје.
Предмет на работење на Вега Фонфови е основање и управување со отворени инвестициски фондови, водење на работи на управување со средства за сметка на индивидуален клиент – сопственик на портфолио и инвестиционо советување согласно Законот за инвестициски фондови.
Со друштвото ќе раководат Сашо Дракуловски – главен извршен директор и Огнен Тилиќ – извршен директор. Сашо Дракуловски има 15 години искуство во областа на берзи и осигурување (финансии), 10 години ја извршувал функцијата директор на Брокерска куќа Еурохаус АД Скопје, а бил и генерален директор на Сава Осигурување АД Скопје.
Огнен Тилиќ своето 10 годишно работно искуство го стекнал во друштва за управуање со инвестициски фоднови, на оваа функција доаѓа од позиција портфолио менаџер од ВФП Фонд Менаџмент.