
Анализа на КБ Инвест за најважните настани кои ги движат глобалните инвестиции
Неделен преглед на пазарите на капитал Главните американски берзански индекси пораснаа во текот на скратената празнична недела, при што најрепрезентативните индекси затворија на рекордно високи нивоа. Расположението на инвеститорите беше поддржано од зголемените надежи за мировен договор меѓу САД и Иран, падот на цените на нафтата и континуираниот моментум на акциите поврзани со вештачката интелигенција.









