Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Инвестициски Фондови

Совети за инвестирање во фондови за почетници: Како да ја зголемите вредноста на вашите средства?

14 мај 2026 г.·3 мин читање·1291 прегледи

Следете не на Viber

Идејата да се инвестира дел од личната заштеда навидум може да делува застрашувачки, но тоа е важен чекор кон создавањето на сопствен капитал и стабилна финансиска независност. Притоа, воопшто не е тешко да се започне, доколку имате конкретен план, соодветна поддршка и инвестициски експерт на ваша страна.

Пред да направите било што важно е да одлучите колку пари би сакале да инвестирате и да се осигурате дека тие нема да ви требаат во следниот период додека трае процесот на инвестирање. Во зависност од тоа дали одбраната сума е повисока или пониска, ќе одберете инвестиција која вам ви одговара и која е соодветна на вашиот буџет.

Откако ќе знаете колку сакате да инвестирате, следното прашање е: Каде? Можете да се обидете самите да се едуцирате за моменталниот пазар, за потенцијалните индустрии и компании во кои можете да инвестирате – но доколку не се чувствувате подготвени и не сакате да ја ставите заштедата под голем ризик, тогаш можеби е подобро да побарате помош. Доколку ви е потребен професионален совет за вашата инвестиција, кој е базиран на знаење и на доверба, тогаш добро е да се консултирате со ВФП Фонд Менаџмент кои имаат тим на врвни аналитичари и овластени инвестициски советници подготвени да ви помогнат во секое време. Со нивното десетгодишно искуство на македонскиот пазар и деталното познавање на  финансиските производи и фактори, инвестициските експерти од ВФП Фонд Менаџмент можат да ви дадат совет или пак да ве упатат кон правилната одлука за вашата иднина.

До пред неколку години можеби луѓето не беа доволно информирани за опциите кои ги отвораат инвестициските фондови, па често се поставуваше прашањето каде завршуваат парите на оној кој инвестира? ВФП Фонд Менаџмент работат доверливо и транспарентно, за што се доказ и илјадниците задоволни клиенти низ изминатава деценија.

Откако ќе се собере одредена сума на пари, фондовите со тие пари почнуваат да купуваат најразлични хартии од вредност зависно од преференциите на клиентот. За инвеститори со долгорочен фокус – ВФП Премиум акции е фонд со потенцијал за раст. Доколку на сигурноста и давате предност тука е Фондот ВФП Бонд кој е првенствено наменет за инвеститори што не сакаат своите средства да ги изложат на висок ризик и кои на среден рок сакаат да остварат атрактивен принос на своите средства.

Задачата на инвестицискиот агент е да ви ги понуди и објасни сите расположливи опции. За најголема успешност, но и за контрола над ризикот на инвестицијата, секогаш е препорачливо да го диверзифицирате вашето портфолио. Бидете мудри со своите пари, бидејќи тоа ќе ви даде силна шанса да ја удвоите или умножите вашата инвестиција.

Последно, но не и помалку важно, е да ја визуелизирате целта која сакате да ја постигнете. Сите успешни инвеститори си поставуваат цели за кои ќе инвестираат и прават прецизен план за секоја цел колку ќе инвестираат месечно, а потоа инвестираат во соодветниот инвестициски фонд според тој план без големи отстапки.

Клучни зборови

  • ВФП Фонд Менаџмент
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk