Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисТехнологија

УКРАЛЕ 200 КЛУЧЕВИ ОД НОВИ ВОЗИЛА, БАРААТ ОДГОВОРИ: Работниците во бриселската фабрика на Audi исплашени да не добијат клуч на врата

10 сеп. 2024 г.·3 мин читање·1481 прегледи

Следете не на Viber

Вработените во фабриката на Audi во Брисел, на која и се заканува затворање, ги зеле клучевите од околу 200 возила во обид да го принудат раководството да ја разјасни иднината на локацијата, објави во неделата белгиската новинска агенција Белга.

Се додека тоа не се случи, ниту еден автомобил нема да излезе од фабриката, велат работниците кои протестираат.

Гумите беа запалени во неделата вечерта пред фабриката на Audi во Брисел, додека работниците протестираа против потенцијалните кратења на работните места.

Производителот на автомобили испрати писмо до синдикатите, во кое се заканува со правна постапка за одземање на приближно 200 клучеви од автомобили. Audi нареди нивно итно враќање, предупредувајќи дека може да ги идентификува одговорните лица преку CCTV.

Управата на Ауди се заканува со тужба со работниците во Брисел доколку клучевите земени од работниците не бидат вратени.

Инцидентот во бриселската фабрика претставува дополнителен удар за Фолксваген, компанија-мајка на Ауди, која најави дека размислува за затворање на погоните во Германија, како и за пошироката германска автомобилска индустрија, која со години е позната како горд мотор на економијата на земјата и на која светот ѝ завидуваше дека поседува квалификувани инженери со железна работна етика.

Слично како и компанијата-родител, Фолксваген, Audi се бори со неповолните пазарни услови. Брендот познат по своите спортски автомобили претрпе пад од 9,5 отсто во првата половина на 2024 година на 30,9 милијарди евра на годишно ниво.

Audi во јули предупреди дека работниците вработени во бриселската локација може да бидат отпуштени поради слабата побарувачка за електричниот теренец Q8 e-tron на Audi.

Масло на огнот додаде минатонеделното соопштение од матичната компанија на Ауди, Фолксваген, бидејќи потврди дека нема да бидат доделени нови модели во фабриката во Брисел.

Некои синдикати веруваат дека таквата изјава значи крај на фабриката. Ова би резултирало со губење на повеќе од 3.000 работни места до крајот на 2025 година.

Други сугерираат дека локацијата може да најде други инвеститори и потенцијално да произведува делови за други фабрики.

Најавата на Фолксваген резултираше со нов бран штрајкови, бидејќи вработените првично требаше да се вратат на работа по летниот распуст.

Голем протест е планиран за 16 септември во Брисел.

Во Германија, во меѓувреме, Volkswagen, исто така, го разгледува затворањето на фабриките за прв пат во својата 87-годишна историја.

Европските производители на автомобили моментално се борат да бидат во чекор со електричната транзиција, која бара значителни инвестиции во нови технологии.

Побарувачката за ЕВ не е голема бидејќи многу сопственици на автомобили ги сметаат за недостапни. Европските производители исто така се соочуваат со зголемен притисок од нивните азиски конкуренти.

Клучни зборови

  • Audi
  • Q8 E-tron
  • Volkswagen AG
  • Белгија
  • Германија
  • електрични возила
  • продажба
  • профит
  • штрајк
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk