
Бизнис
УКРАЛЕ 200 КЛУЧЕВИ ОД НОВИ ВОЗИЛА, БАРААТ ОДГОВОРИ: Работниците во бриселската фабрика на Audi исплашени да не добијат клуч на врата
Вработените во фабриката на Audi во Брисел, на која и се заканува затворање, ги зеле клучевите од околу 200 возила во обид да го принудат раководството да ја разјасни иднината на локацијата, објави во неделата белгиската новинска агенција Белга. Се додека тоа не се случи, ниту еден автомобил нема да излезе од фабриката, велат работниците
