Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

УЈП ги потсетува граѓаните: Поверете ја годишната даночна пријава за 2023

17 мај 2024 г.·2 мин читање·1449 прегледи

Следете не на Viber

Граѓаните да направат увид во годишните даночни пријави (ДЛД ГДП) за остварените приходи во 2023, препорачуваат од Управата за јавни приходи, потсетувајќи дека тоа треба да се напави најдоцна до крајот на месецов.

„Секој кој е регистриран на системот ППД – (ujp.gov.mk) има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31.05.2024 година, да ја потврди или доколку не ја прикажува точната слика за износот на остварен доход и платени даноци, да ја  коригира пријавата“, наведено е во соопштението од Управата.

Воедно, се посочува дека по истекот назаконскиот рок потврдените и годишните даночни пријави кои не се потврдени, ниту се коригирани, ќе се сметаат за конечни, додека коригираните даночни пријави ќе треба да се одобрат од страна на службено лице од Управата за јавни приходи. Во случај да нема одобрувањ, тогаш УЈП ќе донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2023 година.

„Кај обврзниците во чија ДЛД  ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, ќе се генерира налог за доплата со фолио број и истиот ќе биде содржан на третата страна во печатењето на даночна пријава(PDF документот). Обврзниците  во чија ГДП се појавува повеќе платен данок, имаат можност во самата пријава  да искажат барање за враќање на данокот“.

Исто така, се апелира до граѓаните кои оствариле доход во земјава или странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид на доход и се уште не се регистрирани на системот е – Даночни услуги, за да ги исполнат своите обврски за пријавување и плаќање на данок, тоа да го сторат во најкраток можен рок.

Дополнителни информации за исполнување на обврските за пријавување доход, плаќање и поврат на данок можете да се добијат на info@ujp.gov.mk.

Клучни зборови

  • даночни пријави
  • приходи 2023
  • ујп
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk