Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

УЈП: 31 јануари краен рок за барањата за признавање расходи во даночниот биланс

22 јан. 2025 г.·3 мин читање·3285 прегледи

Следете не на Viber

Наближува рокот за поднесување барања за признавање расход во даночниот биланс за 2024, потсетуваат од Управата за јавни приходи. До 31 јануари барање за согласност треба да достават даночните обврзници на данокот на добивка и вршителите на дејност кои водат деловни книги, кои за 2024 година имаат средства кои повеќе не можат да се користат, а имаат нето-сметководствена вредност.

УЈП ги наведува следните насоки за постапката: барањето согласност за признавање на расход во даночен биланс за данок на добивка (образец “ДД-БС”) се поднесув eлектронски преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/; барање согласност за признавање на расход од работењето на даночниот обврзник во даночен биланс за данок на доход (образец “ДЛД-БС”) електронски преку https://e-ujp.ujp.gov.mk.

„Под средства што се трајно надвор од употреба се сметаат: средствата што се уништени или оштетени поради виша сила како и од други непредвидливи настани, физичка дотраеност или техничка застареност; средствата што повеќе од една година непрекинато не ги користите, а нивното ставање надвор од употреба не е поради поправка или доградба; средствата што се во фаза на набавка, а чија набавка, со одлука или со друг акт е откажана или три години едноподруго не се вложуваат средства за довршување на таа набавка, и средствата што во последните пет години непрекинато ги користите помалку од 30% од нивниот програмиран капацитет“, наведуваат од Управата.

Барањето ДД-БС и ДЛД-БС се поднесува со цел преостанатата сметководствена вредност на средствата да се амортизира во целост, независно од пропишаниот век на траење и таквата амортизација да влезе како признат расход при утврдување на даночната основа за данокот на добивка, односно данок на личен доход.

„Во прилог на барањето ДД-БС задолжително се поднесува список на средства кои не можат понатаму да се користат, во кој  треба да се содржани следните податоци: назив на средството кое се отпишува, инвентарен број, амортизациона група и подгрупа на која средството припаѓа, набавна вредност, исправка на вредност и сегашна вредност на средствата што се отпишуваат со состојба на 31 декември 2024 година.

Акт со кој се уредува начинот на пресметување на амортизацијата

Одлука за усвојување на извештајот за попис и евидентирање на утврдените разлики, донесена од органот на управување на друштвото односно од обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност

Изјава дека средствата не можат понатаму да се користат во која се наведува причината поради која истите не може да се користат“, информираат од УЈП, а за дополнителни информации или поддршка во врска со барањето ДД-БС и ДЛД-БС, даночните обврзници ги упатува на Контакт центарот на УЈП на: е-пошта: info@ujp.gov.mk; телефон: 0800 33 000; 02 3253 200.

Клучни зборови

  • признавање расход во даночен биланс
  • ујп
  • управа за јавни приходи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk