Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Турската „Шахтерм” ја зацврстува позицијата во Европа со нова фабрика во Скопје

17 мај 2025 г.·3 мин читање·2198 прегледи

Следете не на Viber

Турската компанија „Шахтерм”, водечки производител на компоненти за бела техника, започна со реализација на својата прва странска инвестиција – изградба на фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 1. Првата фаза од проектот изнесува 25 милиони евра, со најави за отворање на 200 нови работни места, додека со завршувањето на втората фаза, инвестицијата ќе достигне 50 милиони евра, а бројот на вработени ќе надмине 500 лица.

Новата фабрика ќе се простира на 13.000 квадратни метри и ќе се фокусира на производство на грејачи за бела техника и електрични уреди, наменети за најголемите светски производители. Целокупното производство ќе биде наменето за извоз, со што се очекува значителен придонес во македонскиот извозен биланс, како и позитивно влијание врз развојот на домашната добавувачка мрежа.

Одлуката да се инвестира во Македонија, како што истакнаа од компанијата, е резултат на комбинација од геостратешка положба, пристап до европскиот пазар, стабилен деловен амбиент и поддршка од државните институции. Ова е уште една потврда дека земјава станува се поатрактивна дестинација за странски директни инвестиции, особено во индустрискиот сектор.

На настанот за поставување на камен-темелникот присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека ваквите инвестиции претставуваат сигнал за економска стабилност, но и вистинска можност за отворање нови работни места со поголема додадена вредност.

„Ова е силна порака дека странските инвеститори гледаат иднина во Македонија. Се фокусираме на технолошки напредни, енергетски ефикасни и извозно ориентирани индустрии”, нагласи Мицкоски.

Основана во 1978 година во Бурса, „Шахтерм” е еден од најголемите турски производители на грејни елементи и системи што се користат во машини за перење, миење садови, фрижидери и други апарати. Меѓу клиентите се вбројуваат глобалните брендови од електроиндустријата, како „Вирпул”, „Амика”, „Горење”, „Беко”, „Кенди”. Според достапните податоци, повеќе од половина од годишното производство се извезува, пред се во Полска, Италија и Словенија. Во 2021 година, приходите на компанијата изнесувале околу 338,9 милиони турски лири, односно десеттина милиони евра.

Извршен директор и претседател на Управниот одбор на „Шахтерм” е Фарук Шахин, под чие водство компанијата се позиционирала како глобален производител со три производствени погони, кои заедно произведуваат околу 1,5 милиони компоненти месечно. Во изминатите десет години, Шахтерм е единствената компанија во Европа која истовремено ја модернизира својата технологија и го зголемува производствениот капацитет.

Освен тоа, Шахин е активен и во промовирањето на инвестиции во странство, а како што рече, ги охрабрува турските инвеститори да ги разгледаат можностите што ги нуди Македонија, истакнувајќи ги поволните услови и поддршката од локалните власти.

Според премиерот, ова е проект кој не само што ја развива економијата, туку и ја потврдува стабилноста и напредокот на нашата земја, со што ќе придонесе за зајакнување на македонската индустрија и извоз.

Клучни зборови

  • Христијан Мицкоски
  • Шахтерм
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk