Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Туркиш ерлајнс“ ги намалува за 40 отсто цените на билетите

9 јун. 2020 г.·2 мин читање·554 прегледи

Следете не на Viber

Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) нуди 40 отсто попуст за здравствените работници од целиот свет, кои несебично работат во борбата против пандемијата на Ковид-19, јави агенцијата Анадолија.

Секој здравствен работник и три лица што патуваат со него ќе можат да купат билети со овој попуст преку Интернет страницата на „Туркиш ерлајнс“ или преку мобилната апликација во рамките на новата кампања, која важи за сите летови и сите видови билети.

Патниците кои се пријавиле во рамките на кампањата ќе имаат можност да ги користат услугите со попуст од 40 отсто во периодот од 8 јуни 2020 година до 31 мај 2021 година, доколку билетите бидат купени во периодот од 8 јуни до 1 август, соопшти компанијата.

„Туркиш ерлајнс“ минатата недела ги обнови домашните летови по двомесечен прекин поради пандемијата, додека со меѓународни летови ќе почне од утре.

Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> [ топ 100 најголеми ]

 

Клучни зборови

  • Turkish Airlines
  • Туркиш ерлајнс
  • Цена на билет
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk