
ГЛОБАЛНА ЕКСПАНЗИЈА: „Туркиш ерлајнс“ се приближува до Латинска Америка преку „Ер Европа“
Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ направи значаен чекор во својата стратегија за глобално проширување откако официјално беше прифатена неговата обврзувачка понуда за инвестирање 349 милиони долари (300 милиони евра) во шпанската авиокомпанија „Ер Европа“. Овој договор не само што ја потврдува амбицијата на Турција да се позиционира како централна раскрсница што ги поврзува Европа, Азија,

