Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Три години по 8 %: УПОЗ го прифати владиниот модел за раст на платите

5 фев. 2026 г.·2 мин читање·1180 прегледи

Следете не на Viber

На три рати од по 8 насто ќе се зголемуваат платите на административците во наредните три години – постигнат е начелен договор меѓу Владата и претставниците на УПОЗ. Дали тоа ќе биде и конечното решение, ќе зависи од органите и телата на Синдикатот. Првенствено, поради тоа што на средба во Владата отишле со барање за раст на месечните примања од 10 насто.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, по средбата изјави дека договореното прво треба да се стави на хартија, а потоа да се изјаснат синдикалните чинители.

„Мило ми е што се прифати барањето на УПОЗ, додуша не во целост, меѓутоа додатоците на плата Владата прифати да ги исплаќа на вработените од администрацијата и правосудството“, наведе Деаноски.

Притоа, изрази жалење што процентот не е повисок:

„За жал, не по 10 проценти, но не ги добивме минатата година. Меѓутоа, сега Владата прифаќа да ги исплаќа заедно, со почеток од март, на начин на што сите институции во државна управа и правосудство, значи судови, обвинителства, ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право“.

Деаноски додаде дека крајниот збор ќе го имаат органите и телата на синдикатот:

„Доколку колегите го прифатат, нема никаква пречка за потпишување на тие поединечни колективни договори. Доколку не го прифатат, Владата ќе добие наш одговор дека веќе се изгуби една година и вработените можеби ќе бараат повеќе од овој износ што сега е понуден и да видиме дали ќе има условување од страна на Владата за откажување од нешто друго“.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, вчера ја разјасни владината формула:

„Моделот што го нудиме е збирот на платата да биде зголемен за осум насто, тоа ќе даде дополнителни средства. Следната година во март, да препоставиме повторно зголемувањето на минималната плата да биде 1.500 денари. Тоа ќе значи платата на административците да се зголеми повторно за осум проценти. Третата година, во март 2028 да претпоставиме дека повторно минималната плата ќе се зголеми за 1.500 денари. Тие средства трет пат по ред зголемени за осум проценти се минимум 40 проценти од почетниот износ“.

Клучни зборови

  • администрација
  • Влада
  • повисоки плати
  • упоз
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk