Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисТехнологија

Треба ли светот да биде загрижен поради развојот на вештачката интелигенција во Северна Кореја?

24 јан. 2024 г.·3 мин читање·1101 прегледи

Следете не на Viber

Северна Кореја развива вештачка интелигенција (ВИ) и машинско учење за сè, од тоа како да одговори на Ковид-19 и да ги заштити нуклеарните реактори до симулации за воени игри и владин надзор, се вели во новото истражување што го објави Ројтерс.

Меѓународните санкции наметнати поради нејзината програма за нуклеарно оружје можеби ги попречија обидите на Северна Кореја да обезбеди хардвер со вештачка интелигенција, но се чини дека таа ја следи најновата технологија, напиша авторот на студијата Хјук Ким од Центарот за неширење на оружјето (ЦНС) Џејмс Мартин во Калифорнија.

„Неодамнешните напори на Северна Кореја во развојот на AI/ML значат стратешка инвестиција за зајакнување на нејзината дигитална економија“, напиша Ким во извештајот, во кој се цитираат информации од отворен код, вклучувајќи државни медиуми и списанија, а беа објавени во вторникот од проектот 38 Север.

Некои од севернокорејските истражувачи на вештачка интелигенција соработувале со странски научници, вклучително и во Кина, се наведува во извештајот.

Сеулската шпионска агенција во средата соопшти дека открила знаци дека севернокорејските хакери користеле генеративна вештачка интелигенција за да пребаруваат цели и да бараат технологии потребни за хакирање, иако се чини дека тие допрва треба да ја користат во вистински сајбер напади.

Националната разузнавачка служба соопшти дека внимателно ја следи ситуацијата.

Северна Кореја го основа Истражувачкиот институт за вештачка интелигенција во 2013 година и во последниве години неколку компании промовираа комерцијални производи со вештачка интелигенција, се вели во извештајот.

Комуникациската технологија е силно ограничена и надгледувана во авторитарниот Север.

За време на пандемијата Ковид-19, Северна Кореја користеше вештачка интелигенција за да создаде модел за проценка на правилното користење на маските и приоретизирање на индикаторите за клинички симптоми на инфекција, рече Ким во извештајот.

Севернокорејските научници, исто така, објавија истражување за користење вештачка интелигенција за одржување на безбедноста на нуклеарните реактори, се додава во извештајот.

Агенцијата з ануклеарна енергија на ОН и независните експерти минатиот месец рекоа дека нов реактор во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон се чини дека работи за прв пат, што би значело уште еден потенцијален извор на плутониум за нуклеарно оружје.

Развојот на вештачката интелигенција претставува многу предизвици, напиша Ким. „На пример, стремежот на Северна Кореја кон програма за симулација на воени игри со помош на (машинско учење) открива намери за подобро разбирање на оперативните средини против потенцијалните противници“, напиша тој. „Понатаму, тековните соработки на Северна Кореја со странски научници предизвикуваат загриженост за режимот на санкции“.

Клучни зборови

  • Вештачка интелигенција
  • Северна Кореја
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk