ЗАД ЗАТВОРЕНИТЕ ВРАТИ НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: Шокантни откритија од шверцуван смартфон
Паметен телефон прошверцуван од Северна Кореја открива запрепастувачко ниво на контрола што тајниот режим ја спроведува врз својот народ. Телефонот, кој однадвор изгледа како обичен уред, им испраќал предупредувања на корисниците доколку користат корејски изрази што се карактеристични за Јужна Кореја, а зборот „Јужна Кореја“ автоматски го коригирал во „марионетска држава“, покажува истрага на Би-Би-Си.





