Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

TOW: Фаќање прибелешки

13 авг. 2020 г.·3 мин читање·144 прегледи

Следете не на Viber

 

„Да бе да, запишав се!!”… и опааа после , всушност, ај што не запишале, туку и тоа што го запишале е карам каша!

Фаќањето на прибелешки е доста важно затоа што можат да ви помогнат во иднина за подобро извршување на задачите, за некогаш да се навратите на нив и да се потсетите, но може и некогаш да ви дадат инспирација за некоја нова идеја.

Знаејќи го сето ова и знаејќи ја важноста на прибелешките од некој настан, тогаш да споделам со вас неколку основни информации, како до добри прибелешки од состаноци или од настани:

  • Начин на пишување – имајте си свој начин на пишување, кој нормално е разбирлив за вас (да не биде да пишувате хиероглифи кои после тоа ни вие самите нема да си ги разберете)
  • Ревизија– задолжително, после завршување на состанокот или настанот, прибелешките кои сте ги запишале некаде, препишете ги во некоја тетратка или нотес наменет за тоа. Значи, уредно и почитливо од претходниот пат.
  • Структура – кога фаќате забелешки, мора да имате некаква структура на начинот на запишување. Поврзувајте ги работите со стрелки, додавајте параграфи, но сето тоа мора да биде структурирано. Голем хаос, ќе ви предизвика уште поголем хаос подоцна.
  • Прашања – ако соговорникот пребрзо ви зборува, замолете го малку да забави, но не да прекине со зборување. Најдете начин и време кога тоа да го побарате од него/нејзе.
  • Начин на фаќање прибелешки – во денешно време, може да користите и електронски апарати за да фаќате прибелешки, но ако сте на некој состанок, известете ги луѓето дека го користите телефонот поради тоа, да не си мислат они дека си се допишувате со некого/некојаJ
  • Кога – треба да знаете кога да фаќате прибелешки. Не е поентата цело време да запишувате додека соговорникот зборува, туку да запишете она што е најважно. За да го дефинирате тоа, ќе ви треба искуство, но со тек на време и тоа ќе го добиете.
  • Сумириње – доколку самиот состанок или место каде што сте, ви го овозможува тоа, направете на самиот крај сумирање на работите што сте ги запишале, за да бидете сигурни дека правилно сте ги фатиле прибелешките. Да не биде после тоа, они едно мислеле, вие друго сте напишале/мислеле и после тоа хаос!
  • Подготовка – еден финален совет, никогаш не влегувајте на состанок со празни раце. Бидете секогаш подготвени со нотес и пенкало, па дури и имајте и прашања и материјали за самиот состанок.

Или што би рекол основачот на Вирџин груп, Ричард Бренсон:

„Некои од најуспешните компании на Вирџин се започнати од случајни моменти – ако не ги отворивме нашите нотеси и да ги погледнеме прибелешките кои сме ги запишале тогаш, тие никогаш немаше да се случат/основаат”.

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат на www.pari.com.mk во соработка со www.tipoftheweek.co обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој:

 

Клучни зборови

  • tow
  • личен развој
  • прибелешки
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk