Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ТОПЛОТНИОТ УДАР НЕ ЈА ПОШТЕДИ НИТУ СКАНДИНАВИЈА: „Топлинската купола“ донесе пекол и за луѓето и за животните и тропски ноќи на Арктикот

14 авг. 2025 г.·4 мин читање·2080 прегледи

Следете не на Viber

Ниту традиционално поладните краишта на Европа, какви што се државите на Скандинавија, ова лето не беа поштедени од силните горештини што го зафатија европскиот континент, посебно неговите јужни делови и предизвикаа екстремни температури, суша и шумски пожари шумски пожари. Иако Скандинавија е позната по својата релативно ладна клима поради Голфската струја, таа сè уште е ранлива на ефектите од климатските промени.

Неодамнешниот топлотен бран во Скандинавија првенствено се должи на заглавениот систем со висок притисок над северна Европа, создавајќи ефект на „топлотна купола“ што ја заробува и ја интензивира топлината. Овој феномен се влошува од климатските промени, што ги прави ваквите топлотни бранови почести, поинтензивни и подолги, според Earth.Org и World Weather Attribution.

Продолжениот нордиски топлотен бран во јули беше дополнително засилен од климатската криза и покажува дека „ниту една земја не е безбедна од климатските промени“, велат научниците.

Норвешка, Шведска и Финска имаат според историски податоци далеку поладна клима од остатокот на Европа, но овојпат не беа поштедени од високи температури, вклучувајќи рекорден период од 22 дена во кои температурата не се спушташе под 30C во Финска. Шведска издржа 10 последователни дена „тропски ноќи“, кога температурите не паднаа под 20C.

Глобалното затоплување, предизвикано од согорувањето на фосилни горива, го направи топлотниот бран најмалку 10 пати поверојатен и 2C потопол, велат научниците. Некои од временските податоци и климатските модели што се користеа во нивната анализа покажаа дека топлотниот бран би бил невозможен без климатскиот колапс предизвикан од човекот, пиштува британски Гардијан.

Жештината имаше широко распространети ефекти во овие држави – болниците се прегреваа и пренатрупаа, а некои беа принудени да ги откажат планираните операции. Најмалку 60 луѓе се удавиле додека  бараа спас во водите на морето и на езерата, а се зголеми и присуството на токсичните алги во солените и слатките води на Скандинавскиот Полуостров.

Времето остави последици и врз шумите, зафатени од многубројни шумски пожари. Ако се знае дека во последниот голем топлотен бран во регионот, во 2018 година, 750 луѓе починале само во Шведска, научниците предвидуваат сличен број на жртви откако ќе се обработат податоците.

Животинскиот свет беше исто така погоден, особено познатиот ирвас на Скандинавскиот полуостров. Потврдени се информации дека животни умираа во топлината, а други влегоа во градовите барајќи сенка. Возачите беа предупредени дека ирвасите би можеле да бараат да се разладат во патните тунели.

Голем дел од северната хемисфера доживеа топлотни бранови во последните недели. Ова ги вклучува Велика Британија, Шпанија и Хрватска, каде што уништувањето од пожари е речиси двојно поголемо од 20-годишниот просек, како и САД, Јапонија и Јужна Кореја. Научниците се сигурни дека климатската криза го интензивираше ова екстремно време.

Проф. Фридерике Ото, климатолог на Империјал колеџ во Лондон, која ја води соработката World Weather Attribution (WWA), која ја направи нордиската анализа, изјави: „Дури и релативно студените скандинавски земји денес се соочуваат со опасни топлотни бранови со затоплување од 1,3 степени Целзиусови – ниту една земја не е безбедна од климатските промени“

Согорувањето нафта, гас и јаглен убива луѓе денес. Фосилните горива ги засилуваат екстремните временски услови и за да спречиме климата да стане поопасна, треба да престанеме да ги гориме и да се префрлиме на обновлива енергија, предупреди тој.

Топлинските бранови како оној во Скандинавија ќе станат уште пет пати почести до 2100 година ако глобалното затоплување достигне 2,6 степени Целзиусови, што е траекторијата денес.

Маја Валберг, шведски експерт во Климатскиот центар на Црвениот крст и Црвената полумесечина, изјави: „Овој јули нè потсети дека на север, топлината не е далечна закана. Нашата инфраструктура не е изградена да ги издржи овие екстремни температури и нашето стареечко население е сè поподложно на опасна топлина. Гледав ирвас како останува во истата сенка три дена по ред без да пасе, тивок знак за притисокот што го предизвикуваше топлината“, рече таа.

Студијата на WWA за улогата на глобалното затоплување предизвикано од човекот во нордискиот топлотен бран ја спореди веројатноста за високи температури во денешната потопла клима со онаа во постудениот прединдустриски период, фокусирајќи се на најжешкиот двонеделен период во секоја земја.

Откри дека дури и релативно малиот пораст на глобалната температура од 0,2 степени Целзиусови од 2018 година ја дуплирал шансата за такви топлотни бранови, покажувајќи дека секој дел од степен е важен, рекоа научниците. „Климатските промени фундаментално го преобликуваат светот во кој живееме“, рече д-р Клер Барнс, од Империјал колеџ во Лондон.

(Фото: YLE)

Клучни зборови

  • Европа
  • ирваси
  • климатски промени
  • Скандинавски полуостров
  • топлотен бран
  • Финска
  • фосилни горива
  • шумски пожари
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk