
„Студената дамка“ во Атлантикот – нов климатски аларм и за Балканот
Додека поголемиот дел од светските океани бележат рекордно затоплување, едно подрачје во Северниот Атлантик станува сè постудено. Научниците предупредуваат дека оваа необична појава, позната како „студена дамка“, не е добра вест, туку можен сигнал дека слабее еден од најважните климатски механизми на планетата. Доколку продолжи овој тренд, последиците нема да се почувствуваат само во Северна










