
СЕФФ 2023: Економскиот ефект од ЕУ е 15% до 20% повисок БДП, РС Македонија може да биде 28-ма членка
Економскиот ефект од ЕУ е 15-20% повисок БДП за новите земји-членки, нови и подобро платени работни места, сигурност и стабилност. Треба да се искористи моментот за да Република Северна Македонија стане 28-ма членка на Европската Унија. Ова беа главните пораки од отварањето на Третата годишна конференција на Скопскиот економски и финансиски форум – СЕФФ, во организација на Министерството за финансии. Конференцијата
