Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Ќе се одржи Трета годишна конференција на СЕФФ: „Европа-ДА, Европа-СЕГА“

12 сеп. 2023 г.·2 мин читање·851 прегледи

Следете не на Viber

Во рамки на платформата за дискусија на јавни политики основана од страна на Министерството за финансии – Скопски економски и финансиски форум (СЕФФ), на 15 септември ќе се одржи годишната централна дебата, односно Третата годишна конференција, на тема „Европа – ДА, Европа – СЕГА“. Конференцијата ќе ја отворат министерот за финансии, Фатмир Бесими, премиерот, Димитар Ковачевски и еврокомесарот за буџет, Јоханес Хан. Целта е транспарентна и инклузивна дискусија на релевантни теми, во време кога пред нашите граѓани се отвораат бројни нови можности за повисок стандард, понапредни услови за живот, сигурност и перспектива преку евроинтеграцијата.

На Конференцијата ќе говорат и високи претставници на  европските банки – Европската инвестициска банка, Банката за развој при Советот на Европа и Европската банка за обнова и развој, меѓународните финансиски институции како Светската банка и ММФ, УСАИД, претставници од владите во регионот и земјава, дипломати, но и претставници од бизнис-сектор, академската јавност итн. Дискусијата ќе биде распределна во четири панели: ”Забрзување на европската и регионалната интеграција“; “Унапредување на окружувањето за економски просперитет“;”Геополитика и политика“ и „Глобални трендови и бизнис можности“.

СЕФФ е иницијатива на Министерството за финансии за обединување и дебата помеѓу креаторите на политиките и политичките претставници, меѓународните партнери за развој, граѓанското општество, академската јавност, бизнис-секторот и другите експерти, со цел креирање синергија на идеи и иницијативи за економско закрепнување и инклузивен, забрзан и зелен раст. Оваа платформа е резултат на заложбата за транспарентен и инклузивен дијалог со сите општествени чинители од земјата, регионот и пошироко, имајќи предвид дека инклузивноста е основа за носење одржливи решенија.

Клучни зборови

  • Димитар Ковачевски
  • Јоханес Хан
  • Министерство за финансии
  • Фатмир Бесими
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk