
ДИЈАЛОГОТ СО ЕУ ПРОДОЛЖУВА, НЕ ПАЃАЈТЕ НА ШПЕКУЛАЦИИ: Министерството за транспорт и врски со апел до домашните транспортери по најавите за нови блокади на границите
Министерството за транспорт и врски ги повика домашните камионски компании за меѓународен транспорт да не потпаѓаат на шпекулации кои може да наштетат на дијалогот со ЕУ во врска со статусот на домашните превозници кои патуваат во Шенген-зоната. „Апелираме да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на дијалогот.







