
БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ДОНЕВ УТРЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Свечен старт на изградба на пругата до Бугарија
По повод почетокот на изградбата на источниот дел на железничкиот Коридор VIII, делница Куманово – Бељаковце – Крива Паланка во сабота ќе се одржи церемонија на свечено отпочнување на работите, на која се очекува да присуствува вршителот на должноста премиер на Бугарија, Галаб Донев, заедно со неговиот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски. Како што соопштува прес-центарот

