Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Локвенец: ЖРСМ Инфаструктура се вклучува од логистички аспект во решавање на енергетската криза

9 ное. 2021 г.·2 мин читање·1839 прегледи

Следете не на Viber

Железници Инфраструктура се вклучува од логистички аспект во решевање на енергетската криза и презема активности да се стават во функција капацитетите за транспорт на јаглен и мазут, изјави за МИА Хари Локвенец, директор на ЈП ЖРСМ.

Како што информира Локвенец, ЖРСМ Инфраструктура во соработка со ТЕЦ Неготино е во финална фаза за целосната реконструкција на колосекот до термоцентралата, со што ќе овозможи непречен и безбеден транспорт на сите потребни количини мазут во следниот период. Активностите за таа цел се споредуваат во изминатите две недели.

-Самоиницијативно, ЖРСМ Инфаструктура како општетвено одговорна компанија пристапија кон подготовка на железничката станица „Никола Карев” во близина на Битола, која моментно не е во употреба, а претставува најблиската точка за логистичка поддршка на железнички транспорт на јагленот до РЕК Битола, најави Локвенец.

Оваа реконструкција, информира, ќе биде завршена во текот на неделава. Станицата не е во употреба поради малата фрекфенција, а ја подговтвуваме за да биде најдобрата логистичка поддршка за транспорт на јаглен. На ваков начин, укажа Локвенец, со камионски транспорт јагленот би се транспортирал само 10-ина километри.

-Реконструкцијата е во насока на задоволување на сите еколошки стандарди, со оглед дека претоварот може да биде и еколошка закана, дополни Локвенец, истакнувајќи дека со постојната инфаструктура можат да одговориме на сите потреби за транспорт на јаглен.

Клучни зборови

  • Железници Инфраструктура
  • Хари Локвенец
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk