
ФИТР: 8 милиони евра финансиска поддршка се достапни за иновативни проекти на македонските компании
Директорот на ФИТР, Коста Петров и Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи го презентираа јавниот повик за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации. Финансиската поддршка е достапна за домашните претпријатија кои имаат проекти со јасна комерцијална цел и кои се во фаза на прототип, па сѐ до преткомерцијална фаза. 8 милиони евра финансиска поддршка
