Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Стартап екосистемот е во постојан раст со ФИТР како клучна движечка сила во државата

22 мај 2021 г.·4 мин читање·3832 прегледи

Следете не на Viber

Над 70 отсто од стартап компаниите во државата, во фазата на развој на бизнисот имаат потреба од дополнителни финансиски средства и токму тогаш најголема поддршка добиваат од страна на Фондот за иновации и технолошки и развој, покажува истражувањето спроведено од страна на Стартап Македонија под покровителство на ФИТР.

Анализата со која беа опфатени над 80 стартапи од Северна Македонија и повеќе од 28 организации за поддршка и инвеститори, покажува дека дури 62.7%, домашни стартапи аплицирале на повиците за кофинансирање а 60% од нив, добиле финансиска помош од ФИТР. Претставниците на компаниите посочиле и дека Фондот им помогнал да препознаат каде треба да се подобрат и таа повратна информација е главно за пронаоѓање на соодветен пазар за производот.

„Истражувањето е од големо значење за државата бидејќи главната цел беше се да се мапира моменталната состојба на македонскиот стартап екосистем, да ги детектираме предизвиците со кои се соочуваат стартапите во фазите на развој, кои вештини им се потребни за напредок во бизнисот и на што треба да се фокусираат. Стартап компаниите сочинуваат над 50% од портфолиото на ФИТР и верувам дека иднината им припаѓа токму на нив. Во последните шест месеци направивме сериозни промени преку формирање на Национален Стартап совет, полесен начин за финансиска поддршка, квалитетно менторирање, пристап до дополнителни средства од најуспешните банки и серија други активности. Стартапите се главен двигател во една економија и сигурен сум дека работејќи заедно, наскоро ќе ја позиционираме Северна Македонија како центар за стартапи и иновации во регионот” изјави Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Според интервјуираните инвеститори и организации за поддршка во истражувањето, стартапите покажуваат изразени силни и слаби страни во некои области. Тие се навистина добри во фазата на развој на производ, но им недостасуваат суштинско знаење и вештини за да напредуваат во подоцнежните фази.

Соработката помеѓу стартапите и организациите кои ги поддржуваат бележи значително подобрување и треба да се задржи, бидејќи пред три години 50 отсто од нив се соочувале со недостаток на соработка а денес помалку од 15 отсто. 

„Фрагментираност на стартап екосистемот беше една од најголемите забелешки во истражувањето во 2017 година. Сега слободно можам да кажам дека ова се надминува, бидејки е зголемена комуникацијата и размената на информации помеѓу чинителите. Се бележи значителен развој во делот на понуди за поддршка на стартап компаниите, a за во иднина треба да се работи на подобрување и на законската регулатива која ќе олесни водење на бизнис од тука”, посочи Дејан Алексов, ко-основач на Стартап Македонија.

Во споредба со анализата спроведена во 2018 година кога 18,5% покажувале интерес за локалниот пазар, бројките покажуваат зголемен интерес односно 32%. Овој тренд е навистина позитивен имајќи предвид дека стартапите можат да внесат вистинска иновативност во домашната економија.

Најзастапена индустрија е софтвер за претпријатија со 24%, а најголем пораст бележи здравствената индустрија односно од 3% во 2016 година со скок на 12% во 2021год, на стартап компании кои започнуваат бизнис.

Анализата покажа дека кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19 и не е толку загрижувачка за стартапите и оргнизациите кои ги поддржуваат. Имено за време на пандемијата 40 осто стартапи имале можност за раст и развој на бизнисот,  додека еден од три стартапи имаат забележано негативен ефект.

Во однос на возраста, податоците покажуваат дека 45% од стартапите се основани од лица од 28-35 години. Во Северна Македонија, еден од три стартапи е основан од страна на жена (66.6%), податок кој бележи навистина голем прогрес.

Заклучоците од спроведеното истражување велат дека стартапите најмногу треба да работат кон усовршување на продажните вештини за да ги зголемат приходите, да бидат поподготвени да инвестираат, односно да стекнат повеќе знаења како да го зголемат својот бизнис.

Од друга страна, потребно е поголемо учество на големите корпорации, бидејќи тие можат да го зголемат нивото на „know-how”, имаат подостапни мрежи и поголем капитал во екосистемот.

На 28ми мај ќе се одржи Стартап Самит во организација на Стартап Македонија под покровителство на ФИТР, на кој ќе се идентификуваат и можностите за остварување на подобра соработка помеѓу стартапите и клучните страни на екосистемот.

 

Целосното истражување е достапно на следниот линк: https://fitr.mk/startap-istrazuvanje/

Клучни зборови

  • Стартап Македонија
  • ФИТР
  • Фонд за иновации и технолошки и развој
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk