
Младите бизнисмени имаат идеи и бараат партнер во политиката – ТИМ 40 со девет насоки за развој на државата
Бела даночна листа, зачувување на јазичниот идентитет во дигиталниот простор, трансформирање на неискористениот простор во деловни центри, негување на македонскиот идентитет преку продукциски фонд… се само дел од деветте насоки на ТИМ 40 – Асоцијацијата на млади претприемачи при Стопанската комора. Се предлагаат за да се подобри економската слика на државата и условите за живот
