Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Моќна порака од Тим 40 и жените бизнис лидери до Азески: Продолжете со вашата битка за одговорност на сите нивоа, не констатации туку конкретни предлози, засилена регионална соработака за да запре иселувањето на младите

5 мај 2023 г.·2 мин читање·748 прегледи

Следете не на Viber

Наместо општи формулации Асоцијацијата на млади претприемачи-Тим 40 и жените лидери во Стопанската комора промовираа нов вокабулар кој може да се сведе на неколку работи:

Одговорност за секого. Од поединецот, преку семејството, компаниите и најважно, одговорност конечно од државата;

Не констатации туку предлози. Наместо генерализирање на барањата, конкретни и јасни предлог-решенија до Владата;

Засилена регионална соработка на стратешки основи;

Новиот вокабулар ќе продолжи да се употребува понатаму од Комората бидејќи Тим 40, жените лидери и раководството се согласни дека причината за егзодусот на младите и перспективните поединци не е само економска, туку системска.

По обраќањето на претседателот на Комората Бранко Азески, претседателот на Тим 40 Жарко Димитриоски, генералниот секретар на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) Татјана Штерјовска Душковска и потпретседателот на Комората Зоран Јовановски, во отворена дискусија консензулано се заклучи дека улогата на приватниот сектор во оваа насока ќе лежи во негова промена во начинот на однесување, до состојба во која компаниите обединети ќе се борат за својот стекнат капитал. За тоа е потребно да се утврдат правила на игра, а Комората целосно ќе застане зад нив заради обезбедување строго почитување на истите.

На консултативната средба беше нагласена потребата од дефинирање на јасна цел во кој правец ќе оди земјата, при тоа нагласувајќи дека политичките елити имаат обврска економијата да ја стават како приоритет.

Се потенцираше дека во овој момент е важно постоење на повисоки вредности и дека промените е потребно да се усвојат и прифатат од секого, за секој да почне да работи на нив најпрво во сопствениот двор, а потоа во партнерски формат за општествени промени заедно со останатите од сета бизнис заедница и Комората како еден тим.

Клучни зборови

  • Асоцијација на млади претприемачи
  • Бранко Азески
  • Жарко Димитриоски
  • жени лидери
  • жени претприемачи
  • киф
  • Коморски инвестициски форум
  • стопанска комора
  • Тим 40
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk