
ПЕЧАТИ СОЛАРНИ ПАНЕЛИ КАКО ВЕСНИК: Кина ги надмина сите свои конкуренти во производство и примена на „зелена“ енергија
Кина е најголем производител на соларни фотоволтаични (PV) модули 16 последователни години, обезбедувајќи 70 отсто од светските PV модули и 60 отсто од глобалното снабдување со турбини на ветер, соопшти официјален претставник на кинеската Национална комисија за развој и реформи (НДРЦ). Кина го има најголемиот и најкомплетниот синџир на индустрија за нова енергија во светот.
