Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

БЛАГОДАРЕНИЕ НА СОЛАРНИТЕ ЕЛЕКТРАНИ, Европејците летово заштедија 29 милијарди евра

22 окт. 2022 г.·2 мин читање·4231 прегледи

Следете не на Viber

Благодарение на производството на електрична енергија од сончева енергија, Европејците летово заштедиле 29 милијарди евра. Во Европската Унија од мај до август годинава беа срушени рекорди во производството на електрична енергија од сончева енергија.

Во наведениот период соларните централи произвеле 28 отсто повеќе електрична енергија во однос на истиот период лани. Уделот на електричната енергија произведена во соларните централи во однос на вкупното производство изнесува рекордни 12 проценти.

Оценката на Светскиот економски форум (СЕФ) е дека ЕУ ќе мораше да купи гас за 29 милијарди евра доколку немаше соларни централи, и тоа главно руски гас. Во 18 од 27 држави на Унијата се постигнати рекорди во производството на електрична енергија во соларни централи. Десеттина од електричната енергија во десет земји се произведува во соларни електрани. Холандија е прва, а Германија е втора во овој поглед.

Во меѓувреме, цените на гасот продолжуваат да растат во Унијата поради руската агресија врз Украина. Имајќи го тоа предвид, ЕУ размислува до 2030 година да произведува 45 отсто од електричната енергија од обновливи извори на енергија. Дотогаш, сончевата енергија треба да биде столбот на тоа производство.

Но, сè уште не успеала да ги направи соларните централи целосно сигурни за производство на електрична енергија, а се смета дека имаат ниска ефикасност.

Клучни зборови

  • електрична енергија
  • соларни електрани
  • соларни системи
  • сончевата енергија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk