
Актуелно
WhatsApp наскоро ќе ви дозволи да го скриете статусот ,,last seen”
Апликацијата WhatsApp во сопственост на Фејсбук, според податоци за најмногу преземани апликации минатата година, влезе во топ 5, а за да остане на таа позиција, постојано работи на подобрување. Атрактивноста на оваа платформа за пораки беше донекаде доведена во прашање откако претходно годинава воведе нови правила за користење, како што е споделување податоци со Фејсбук.