
НЛБ ФОНДОВИ: Пазари во услови на инфлациски притисоци и геополитичка неизвесност
Пазарите на капитал повторно се карактеризираа со висока волатилност минатата недела. Зголемувањето на приносите од обврзниците, поттикнато од стравот од повисока инфлација, првично предизвика пад на цените на акциите, но расположението се подобри кон крајот на неделата, бидејќи инвеститорите се надеваа на непосредно решавање на конфликтот на Блискиот Исток и поради пониските цени на нафтата. Главните американски берзански индекси неделата ја


