2025 година заврши како интересна година за отворените инвестициски фондови во земјава и за нивните инвеститори. Бројките застапени во анализата на Пари покажуваат јасна слика: инвеститорите кои прифатија поголем ризик беа наградени со високи приноси, додека поконзервативните фондови ја одиграа својата улога на „сидро“ на стабилноста со умерени, но сигурни резултати.
На крајот од 2025 година, најголема нето-вредност на фонд има ВФП Премиум Акции со близу 95 милиони евра, што го позиционира како најголем фонд на пазарот. Веднаш зад него следуваат паричните фондови: КБ Инвест Паричен (56,5 милиони евра) и НЛБ Кеш Депозит (55,2 милиони евра), што покажув…