
САКАТЕ ДА КУПИТЕ ЛАМБОРЏИНИ? За испорака ќе треба да почекате до 2025 година
Италијанскиот производител на спортски автомобили Ламборџини веќе го претпродаде целото производство до почетокот на 2024 година, изјави неговиот шеф во вторникот за АФП. Ова покажува дека луксузните стоки навидум не се засегнати од глобалната економска несигурност. Дел од групацијата на Фолксваген, италијанскиот производител ужива „голема побарувачка“ и има книга за нарачки што ги опфаќа следните


